Два авиона за гаснење пожар од Романија денеска пристигнаa во Македонија. Станува збор за високо специјализирани летала, едното од нив со можност и за транстпорт на дополнителна противпожарна опрема, беше истакнато на денешната прес конференција од ЦУК.
„Канадер Т21″, специјализиран хеликоптер за гасење пожари пристигна од Романија, а напладне се очекува и авион „Хекрулес 530″, кој е со најсовремена опрема, носи придружна противпожарна опрема, пожарникари и други пропратни материјално-технички ресурси за гасење пожари. Помошта ќе биде распределена таму каде што е најкритично, соопшти денеска на прес-конференција помошник-раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Марија Милкова.
Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски потенцира дека оперативниот центар денеска ќе се одлучи од каде овој авион ќе се полни со вода, имајќи предвид дека со правилата на УНЕСКО тоа е забрането на Охридското Езеро.
– Се работи за специјализиран авион, за специјализирана намена кој со себе носи материјално-технички ресурси, носи луѓе, пожарникари и шесттонски кеси наполнети со вода и при летањето на подрачјето кое му се задава како координати за активен пожар тие се хидраулични и во форма на падобран бомба се концентрираат на пожарното дејствие каде практично е изворот на жариштето на пожарот. Тоа се големи авиони, нормално во координација со ВИНГ-от и со Генералштабот, нагласи Стојановски.