Филипче: Последната трагедија многу ме погоди, од морални причини понудив пишана оставка до Заев

Венко Филипче, министерот за здравство денеска поднесе оставка од функцијата, по трагедијата во Тетово.

„Почитувани граѓани.

Пред година и пол го регистриравме првиот случај на коронавирус. Од тој ден до денеска секогаш стоев отворено и транспарентно пред граѓаните соопштувајќи ги сите добри и лоши вести. Никогаш не се откажав да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои го носевме беа со цел да се заштити здравјето.

Последната трагедија од Тетово многу ме погоди, сочувствувам со семејствата. Нема збор што може да го искажам во овој момент.

Почитувани.

Како лекар и министер имам интегритет, и затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев. Сакам да се заблагадорам на сите соработници, медиуми, за нивната посветеност и благодарност за поддршката во тешките моменти со пандемијата“, рече Филипче.