Ќе поднесе ли и Артан Груби оставка?

По настаните во тетовската болница, се очекува Артан Груби да поднесе оставка, пишува InfoShqip .InfoShqip дознава од извори кои сакаат да останат анонимни дека се очекува првиот вицепремиер Артан Груби да поднесе оставка од функцијата по трагичниот настан што се случи во Тетово.

Се очекува во следните часови да има официјална потврда од самиот Груби.

Оставките на заменик-министерот за здравство Илир Хасани и директорот на тетовската болница Фљорин Бесими Груби ги коментира како чин кој приизлегува од блискоста на функционерите со народот.Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку.И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството.Тие се со нас и блиску до граѓаните.Дури и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната јавна функција, напиша Груби пред два часа на ФБ.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FArtanGrubi%2Fposts%2F390979799058211&show_text=true&width=500