Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на Одлуката од 6.9.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 1,00 денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно останаа на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 06.09.2021 година.