Во континуитет сме посветени на мерки и активности кои обезбедуваат почиста животна средина и се грижиме за заштитата на сите природни богатства со кои располагаме. Наш приоритет е иницијативата за забрзување на постапката за отворање на регионална депонија за третирање на отпадот од Југозападниот регион и затворање на депонијата Буково, согласно одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на регионот, истакна на денешната прес конференција на кандидатот за советник Ванчо Костоски.
Костоски додаде:
Во претстојниот мандат, ќе го ревидираме начинот на подигање на отпад од домаќинствата и ќе креираме нов план и програма за подигање на отпадот, особено во туристичката сезона, со цел да нема полни контејнери и несоодветно депониран отпад.
Воведуваме отворена линија за пријавување неправилности и пропусти во одржувањето на јавната чистота и работењето на комуналните служби. Ќе вршиме осовременување на примарното одлагање на отпадот во домаќинствата со примарна селекција и проекти за селекција на отпад во јавните установи, училиштата и фирмите.
Ќе поставиме нови подземни, прес-контејнери и нови садови за депонирање на отпад, а планирано е формирање на Еко острови за одлагање на кабаст отпад и реашавање на проблемот со дивите депонии на градежен шут.
За почиста животна средина, обезбедуваме енергетска ефикасност на сите објекти во сопственост на Општината особено на училиштата и градинките. Поставуваме енергетски ефикасни прозорци, фасади и фотоволтаични системи.
Воведуваме стручна помош и консултации за граѓаните на тема енергетска ефикасност, проектна поддршка за реконструкција на енергетски фасади и замена на прозорците во станбените комплекси. Развиваме специјална програма за зголемување на енергетската ефикасност на домовите на најзагрозените, приматели на финансиска помош.
Продолжуваме со субвенециите за набавка на велосипеди и субвенции за поставување за набавка на клима уреди. Го зголемуваме бројот на мерни станици за контрола на квалитетот на воздухот.
На 17ти октомври да избереме најдобар модел за почиста животна средина. Заокружете број 12, гласајте за градоначалникот Костантин Георгиески и совететничката листа на СДСМ и коалицијата Најдоброто за Охрид.