ОДРЖАН МЛАДИНСКИОТ ТУРНИР ВО ШАХ ЗА КАДЕТИ И ПИОНЕРИ

Викендов во ООУ „Братство Единство“  се одржаа турнири во шах за учениците од основното образование од Охрид.

На  Младинскиот  турнир Ласкер 2021 – кадети (до 14 год) учествуваа 13 момчиња и девојчиња. Јулиан Матески  од ООУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Стефан Матески  од ООУ „Григор Прличев“ го освои второто место со 5 поени, а третото место го освои Елена Лушеска  од ООУ „Братство Единство“.

На  Младински турнир Ласкер 2021 – пионери (до 10 години) учествуваа 9 момчиња и девојчиња. Јована Котушеска  од ООУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Надалина Зимоски од ООУ „Григор Прличев“ го освои второто место со 4,5 поени, а третото место му припадна на Вук Бурмаја  од ООУ “Григор Прличев“ со освоени 4 поени.

Сите учесници добија дипломи за учество и скромни награди. ШК „Ласкер Охрид“ финансиски е подржан од Општина Охрид и други помагатели.