Граѓаните да бидат спокојни, победи евроатлантска Македонија, истакна вечерва вицепремиерот Артан Груби пред Собранието откако собранискиот спикер и официјално ја затвори седницата на која требаше да се гласа доверба на Владата.
-Победи напредна Македонија, победи Македонија со добрососедски односи, Македонија во добри пријателски односи со САД, со Европската унија, Македонија во добри односи помеѓу заедниците, рече Груби заблагодарувајќи им се на сите коалициски партнери.
Вели дека ова е голем ден бидејќи ориентацијата кон интеграција во ЕУ останува загарантирана од ова парламентарно мнозинство.