Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека утрово имале состанок со Комисијата за заразни болести, каде биле донесени нови одлуки.
„Да и предложиме на Владата сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции под овие владини институции за одење на работа да прикажат најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест, кој ќе важи најмалку 72 часа а ќе биде направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена“, порача Филипче.
Филипче вели дека очекува до овие мерки да се приклучат и приватните компании.