Новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување стапува во сила , од 1 декември (среда) се забранува употребата на пластични кеси во нашата земја.
Веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари.
За средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.
Маркетите ќе бидат обврзани да даваат хартиени кеси или други алтернативи.
Исто така донесени се и Законот за управување со батерии, акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.