Пријавената, како вработена во станица за технички преглед во струшкото село Мислешево, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, на физичко лице му издала одобрение за управување на туѓо моторно возило за странски државјанин, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
СВР Охрид денеска информира дена четириесет годишната А.К. од Струга добила кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
При контрола на граничен премин, додаде, било утврдено дека одобрението не е валидно и дека недостасуваат потписи од корисникот и сопственикот на возилото.