Лидерот на Алтернатива Африм Гаши на свиканата седница на Централното собрание на партијата пред членовите вечерва ја презентира понудата на премиерот Зоран Заев за Алтернативата да стане дел од Владата, објави Алсат.
Како што неофицијално дознава Алсат партиското тело меѓу другото ќе расправа и за ресорите што Заев му ги понудил на Гаши. Станува збор за два ресора – здравство и информатичко општество, како и тројца заменици министри.
Се шпекулира дека министер за здравство ќе биде партискиот секретар и поранешен кандидат за градоначалник на општина Чаир, Беким Сали.
Текстот во целост на: Алсат.