На 24 декември во Македонија беше детектиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2.
Пациент позитивен на Омикрон има во Струга. Пациентот е по потекло од земјава, но со вирсот се заразил во странство, од каде допатувал пред една недела.
Инаку во земјава нема карантин за патниците кои биле во авионот со заразениот, бидејќи се почитувале протоколите, истакна неодамна министерот за здравство венко Филипче.
Според министерот во моментов нема ризик за влошување на епидемиолошката состојба.
Тој смета дека во Македонија има сериозен процент на имунизирано население па согласно тоа нема потреба од дополнителни заострувања на мерките во пресрет на празниците.