Од 10.00ч. се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот превој Пресека поради обилни врнежи од снег.
Денес воведени се и забрани за движење на тешки товарни возила во следните патни правци:
Од 7.45ч. се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга-Ќафасан.
Поради големи врнежи од снег од 6.30ч забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар.
Од 8.30ч. се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража поради обилни врнежи од снег.
извор: Македонија Пат