Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Центарот за култура „ Григор Прличев“ , заеднички организираат концерт на хорот „ Копенхаген“ од Данска.
Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „ Григор Прличев“ на 29 мај ( четврток) со почеток во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен.
Хорот „ Копенхаген“ формиран е во 1951 година и има богато концертно искуство. На програмата се дела од скандинавски автори, како и од Хендл и Вивалди. На концертот ќе настапи и Градскиот хор од Охрид.