МВР заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра

Во текот на вчерашниот ден (08.02.2022), во две големи акции на МВР за сузбивање на шверц со дрога, на две различни локации во државата, на подрачјата на СВР Струмица и на СВР Битола – ОВР Ресен, запленивме 1 тон и 600 кг наркотична дрога во вредност од 3 милиони и 200 илјади евра.

https://youtube.com/watch?v=dd8qTJnyOsQ%3Ffeature%3Doembed

Првата акција беше реализирана од страна на полициски службеници од СВР Струмица заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност во содејство со членови на Комисијата за оценување на исполнетост на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.

Речиси истовремено, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен при СВР Битола, на патот Охрид – Ресен, кај с.Јанковец, извршија преглед на патничко возило „шкода октавија“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(38) од с.Сачево, струмичко, во кое како сопатник се наоѓал М.Т.(48) од Струмица и претрес по наредба на Основен суд Ресен, при што биле пронајдени три торби со марихуана во вкупна вредност од околу 200.000 евра и тежина од околу 50 килограми. Двете лица се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава до Основното јавно обвинителство Битола, поради постоење на основи на сомневање дека извршиле кривично дело член 215 од Кривичниот законик.

Значи, само во еден ден македонската полиција заплени 1 тон и 600 кг наркотична дрога во вредност од 3 милиони и 200 илјади евра. Ова е уште еден показател дека бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на шверцот со наркотици продолжува со засилено темпо.