Агенцијата за храна превентивно ги повлекува производите од компанијата „ФЕРЕРО“ од Загреб , откако најмалку 125 луѓе, главно деца се отруја со салмонела во Европската унија.
Агенцијата бара од потрошувачите кои ги го имаат купено овој вид производ, да не го конзумираат, туку да го вратат на местото кадешто го купиле.
Досега случаи на салмонела се пријавени во Британија, Ирска, Франција, Германија, Холандија и Белгија.
Во Македонија нема пријавен счучај.