Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник

Во општина Центар Жупа на повторените избори за градоначалник не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник.

Според првичните резултати добиени по електронски пат од општинската изборна комисија Центар Жупа, Државната изборна комисија соопшти дека од 7077 избирачи, на гласање излегле 2120, односно 29.96 отсто. Вкупно 2052 гласачки ливчиња се важечки, додека 68 се неважечки.

ДИК информира дека кандидатот со реден број 1, Шаин Шаќир, предложен од ДНЕТ, освоил вкупно 165 гласа, додека кандидатот со реден број 2, Аријан Ибраим, предложен од ДПТМ, освоил вкупно 1887 гласа.