Претседателот на Франија Емануел Макрон доживеа непријатности за време на посетата на комуната Сержи, во северозападниот дел на Париз.
Демонстранти почнаа да го гаѓаат со домати, иако тој во ова место доби поддршка од 76 проценти од гласовите.
Макрон прво одржа говор, со кој вети дека ќе ги слушне сите гласачи, а подоцна додека одеше низ масата народ, се случи овој инцидент.
Обезбедувањето се обиде да го заштити со чадор.