Денеска во Охрид се одржа 5-от (изборен) Конгрес на Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН. На конгресот покрај членовите на партијата присуствуваа и гостите: Бетон Бериша – претеседател на либерална партија на египќани Косово, Арбен Демировски Бено советник во општина Охрид, пратениекот од СДСМ Лазе Танески, Мики Николоски од НСДП, Љупчо Јанески од ДОМ, Рејхан Дурѓиши од НВО Торбешки мост, Гости имаше и од партија на пензионерите.
Пред присутните се обрати досегашниот претседател на ПОЕН, д-р Рубин Земон, кој даде осврт на ставовите, политиките и досегашното работење на партијата.
- Партијата ПОЕН е подолг период активен и стабилен актер на политичката сцена во земјава. Нејзините членови претставуваат активен член во македонската политичка деморатија. Траба да се истакне дека нејзините избраници од политичките тела имаат значаен придонес во политичките случувања во земјава и функционирањето во македонската демократија. Нејзините членови имаат значаен придонес во донесување на судбоносните одлуки за Евроатланските аспирации на Републиката, но и во време кога се овори патот за членување во НАТО, како и во време на потпишување на знаќајни договори за добрососедство со нашите соседи. Партијата целосно се залага за создавање клима за добрососедски односи, истакна во дел од обраќањето Земон.
- Д-р Рубин Земон на денешниот конгрес беше реизбран за претседател на ПОЕН.
Обраќањето на Земон во целост може да го проследите во продолжение.