Реализиран проектот – Образовен додаток за студенти

Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2022/2023 година, за првпат, додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од општина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик а се со место на живеење во општина Охрид.

Право на паричен надоместок – образовен додаток имаа студентите кои ги исполнуваа следните:

 

Општи услови:

– да се жители на Општина Охрид;

– да се редовни студенти, запишани во тековната година на универзитетите во РМ (со одалеченост од најмалку 70 км од општина Охрид);

– да не повторувале година во текот на своето образование;

– да не е корисник на стипендија или кредит од друга инситуција или компанија;

Напомена: неисполнувањето на сите општи услови заедно е основ за одбивање на пријавата.

 

Посебни услови:

– студентот потекнува од многудетно семејство (во семјството има три или повеќе деца);

– потекнува од еднородителско семејство (предност ќе имаат студентите чиј што еден родител е починат);

– студентот е дете без родители;

– студентот потекнува од семејство со вкупни примања на родителите до износот на минимална плата (18.000 денари во нето износ);

– потекнува од семејство во кое и двајцата родители примаат минимална плата;

– потекнува од семејство приматели на еднократна или постојана парична помош (гарантирана минимална помош за работно неспособни лица)

– студентот од прва линија во семејството има лице со посебни потреби или ретки болести;

Напомена: Може да аплицира студент кој исполнува барем еден од посебните услови, но предност ќе имаат студентите кои исполнуваат два или повеќе од горенаведените посебни услови.

 

Врз основа на овие критериуми беше објавен јавен повик согласно кој овој надоместок е доделен на вкупно 44 студенти кои ги исполнуваат условите за што е исплатена сума од 264.000,00 денари, средства предвидени во рамките на програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид (Т1).