Утре на 22-ри декември (четврток) со почеток од 12:00 часот во холот на Факултетот за Туризам и Угостителство ̶ Охрид ќе се одржи Фестивал на локални производи „Купувај Локално“.
Фестивалот има за цел да ги презентира локалните производители на храна, рачни ракотворби и други уникатни производи кои се автентични за ова поднебје.
Настанот е отворен и слободен за сите граѓани и гости кои сакаат да ја вкусат локалната храна и да уживаат во мирисот на греаното вино, заедно со луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење.
Организатори на настанот се: Општина Охрид (Сектор за локален економски развој) и Факултетското Студентско Собрание на Факултетот за Туризам и Угостителство- Охрид.