СДСМ ГИ ВРАТИ ПРАТЕНИЧКИТЕ МАНДАТИ

Голем дел од новоизбраните пратеници сметале дека овој потег е погрешен и кобен, не само за СДСМ туку и за Македонија. Партиски извори велат дека пратениците барале свикување на централниот одбор пред да се донесе конечна одлука. Факт е дека со неприфаќање на мандатите и бојкот во парлементот, СДСМ ќе биде посочена како главен виновник за евентуалното губење на препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.