Пензионерите, учениците и социјално загрозените први на листата во новиот пакет антикризни мерки.
Половина година основците ќе добиваат 1.200 денари месечно, а средношколците 1.800. Право на оваа мерка имаат семејствата со ниски примања до 50 илјади денари.
Студентите кои не учат во градот каде што се родени, 7 месеци ќе имаат право на ваучер за превоз, од 600 до 1.200 денари.
Пензионерите со пензии до 14 илјади денари, месечно ќе имаат по 3 илјади плус на своите сметки. Останатите две групи со примања до 19 илјади ќе земат помалку. Помошта им следи во наредните пет месеци.
Во истиот временски период, по 2 илјади денари секој месец ќе земаат самохраните родители, лицата со попреченост и нивните родители, како и социјално загрозените.
Земјоделците ќе добијат авансна исплата на субвенции.
„Мерките се правени за граѓаните, не се правени за избори. Граѓаните имаат на кого да се потпрат и во 2024 година, а ќе имаат на кого да се потпрат и во наредните 4 години после 2024 година“ – Димитар Ковачевски, премиер
Државата и догодина ќе ги субвенционира сметките за струја и парно.