ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за две министерски и три дополнителни заменички позиции во техничката влада која треба да спроведе фер и демократски избори закажани за 24 април и 8 мај.
Според нивните биографи станува збор за исклучително професионални кадри, со интегритет и долгогодишно искуство, експерти во својата област, објави Курир.мк.
На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, долгогодишен познат адвокат.
Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Има положено правосуден и адвокатски испит, а во моментот е адвокат во граѓански, имотно-правни, трговски, кривични и управни спорови пред домашни и меѓународни судови.
Тошковски има долгогодишно работно искуство во државните институции. Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на Република Македонија, а членувал во неколку комисии и работни тела. Во моментов, Панче Тошковски е претседател на републичката правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.
За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена сосема ново решение кое е на професионална основа. Тоа е Елена Петрова, дипломиран економист со над 25 годишно работно искуство во Управата за јавни приходи.
Повеќе на следниот линк :