Подрршката за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски расте, покажува последната телефонска анкета на Институтот Павел Шатев спроведена во периодот помеѓу 6-ти и 8- ми мај 2016 година на 1 070 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.
На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, 30,8 отсто од испитаниците одговориле Никола Груевски, додека 11,4 отсто Зоран Заев. Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, резултатите покажуваат намалување на рејтингот на Заев за 0,6%, и истиот тогаш изнесувал 12%, додека Груевски го задржува истиот рејтинг од 30.8%.
На прашањето која партија би победила на следните парламентарни избори, 49,6 отсто од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 20.2 отсто СДСМ. Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, ВМРО-ДПМНЕ забележува раст на рејтингот од 0,1%, и истиот изнесувал 49.5%, додека поддршката на СДСМ паднала за 0,7%, и истиот тогаш изнесувал 20.9%.