Мицкоски: Од понеделник почнуваме со акција против корумпираните обвинители и судии, доволно чекавме

Најостро ги осудувам синоќешните инциденти, при што беше сквернавено македонското државно знаме. Чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.

Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби.

Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица, напиша во својата објава на ФБ претседателката Силјаноска Давкова.