ОДРЖАНА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА НОВИОТ СОВЕТ

Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска.

Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии и буџет, комисијата за јавни и комунални дејности, комисијата за урбанизаам,  комисијата за општествени дејности, комисијата за туризам и локален економски развој, комисијата за заштита на животната средина, комисијата за млади и спорт, комисијата за месна самоуправа, комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија и комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените.

Честитатајќи им го изборот, претседателот на советот Перчо Божиноски, ги повика советниците совесно и ефикасно да работат и задолжително да присуствуваат  на сите комисиски расправи.