Најмногу снег и тоа околу еден метар има на Скијачкиот центар Попова Шапка а денешното утро токму на ова место беше и најладно со измерени -8 степени. Во следните часови и утре петок 20 февруари 2026 снежната покривка на Скијачките центри дополнително ќе се зголеми поради тоа што очекувам нови обилни врнежи од снег.
Покрај Скијачките центри врнежи од снег очекувам и на планинските превои во западна Македонија па токму поради ова сите што планираат да патуваат према Стража да бидат крајно внимателни и со себе задолжително да носат зимска опрема.
Снежната граница има услови да се спушти до околу или под 1000 метри надморска височина со што врнежи од влажен снег можно е да има и во повисоките населени места во Македонија, особено во западните и во северните предели. Сето ова е поради Медитерански влажен бран кој кој е во склоп со поладен воздух кој се спушта од север, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.





