Почнувајќи од 26-ти март 2026 (четврток) од север кон јужна и југоисточна Европа ќе се спушти многу ладен воздух кој е невооибичаен за овој период од годината. Токму ова ќе предизвика над Џеновскиот залив да дојде до формирање на длабок циклонски систем и истиот ќе го прошири неговото влијание над целиот Балкански Полуостров вклучувајќи ја и Македонија условувајќи обилни врнежи од дожд, снег, формирање на значителна снежна покривка, бурен ветер и нагло и големо заладување на времето.
Кај нас во Македонија на 26-ти март 2026 (четврток) кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок 27-ми март 2026 најпрвин во западните предели а потоа во поголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд ,повремено пообилни и поројни и проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час) а локално овие процеси може да бидат застапени во форма на невреме. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд).
Поради заладувањето и падот на температурите на планините и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка од над 15 сантиметри. Има услови особено во западните и во северните предели од Македонија снежната граница да се спушти под 1000 метри надморска височина со што врнежи од влажен снег ќе има услови да има и во повисоките населени места токму во овие предели од Македонија.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој во делови од регионот ќе достигнува брзина од над 60 км/час). Поради заладувањето на времето и поради падот на температурите на околните планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Максималните температури позначително ќе опаднат во петок на 27-ми март 2026 кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје температурата тој ден ќе се искачи до околу 11 степени, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.





