Територијата на Македонија од денес среда 13 Мај 2026 влегува во поладен, односно значително посвеж период со температури кои ќе бидат за околу па и за повеќе од 10 степени пониски во споредба од оние температури кои ги имавме до вчера. Ќе бидеме под влијание на поладен воздушен бран кој од северозапад се спушта во Македонија. Повремено ќе засилува ветер од северен и од северозападен а во западните предели од западен правец а во петок на 15 Мај 2026 ќе засилува ветер од југозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 7 и 10 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 23 степени. Да напоменам дека овие температури кои ни следуваат во следниот период ќе бидат претежно под просекот за месец Мај 2026, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.





