Владо Чинговски од СДСМ признава дека сите набљудувачи од МОСТ се од СДСМ

Сите набљудувачи на асоцијацијата МОСТ беа од СДСМ – призна функционерот на СДСМ од Охрид, Владо Чинговски, на последната трибина на невладината организација Цивил.

На видеото кое го објави порталот “Курир“, Чинговски, кој беше претседател на Советот на Охрид во време на СДСМ, открива како работи невладината организација на Дарко Алексов.

– Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Се што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече Чинговски.

Курир пишува дека признанието на Владо Чинговски објаснува кому служи оваа невладина организација.

Порталот анализира дека настапите на претседателот на МОСТ многу наликуваат на оние на опозицискиот лидер, Зоран Заев.