Дали во иднина професорите ќе го скенираат мозокот на вашето дете за да бидат сигурни дека ја следи наставата?

Контроверзното тестирање на ова американско „технолошко чудо“ е веќе спроведено на 10 илјади кинески ученици, а слични програми се спроведуваат и во САД, Мексико, Шпанија и Бразил.

 Станува збор за високотехнолошка лента која што се става на главата на секој ученик и со помош на сензори се мери работата на мозокот за професорите да бидат сигурни дали учениците се фокусирани на предавањето, или пак нивните мисли „залутале“.
Технологијата е наречена FocusEDU и е развиена од страна на стартап компанијата BrainCo од Масачусетс.
Високофреквентните бета бранови во мозокот се зголемуваат кога сме сконцентрирани, а нискофреквентните алфа и тета бранови доаѓаат до израз кога сме опуштени.
Биченг Хан, основач и извршен директор на BrainCo тврди дека после тестирањата, учениците добивале подобри оценки на училиште и им било потребно помалку време за да ги напишат своите домашни задачи.Секој уред наизменично ќе го користат повеќе ученици, а целта на Хан е да допре до податоци од 1,2 милиони ученици.
2221