Влатко Ѓорчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се кандидира за претседател.
„Ми претставува голема чест и задоволство да Ве информирам дека денес (среда) ќе објавам дека поднесувам кандидатура за Претседател на Република Македонија на огласот на ВМРО-ДПМНЕ.“, напиша Ѓорчев на својот профил на „Фејсбук“.
Јавниот оглас за кандидат за претседател од редовите на опозицијата ќе трае до крајот на месецот. Тогаш ќе се знае кои се пријавени, и кој ќе биде единствениот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ да го наследи Ѓорге Иванов.