Од ден на ден, може да е тешко да се запомни се` она што се бара од вас. Сите ние понекогаш ги забораваме нашите обврски, а најлесно е да се избришат секојдневните настани од нашиот мозок, особено кога постои нешто друго кое доминира со вашиот мозок.
Сепак, добро би било да одвоите време за да се сетите точно што се случува за време на нашите денови бидејќи тоа е витален дел од нашата меморија – интересно е тоа што со 15 минути можеме да го зајакниме нашиот мозок да се сеќава многу повеќе од било кога.
Според истражувањето спроведено од професорката Франческа Гино која предава на Харвард бизнис училиштето, оние кои издвојуваат време за да си го рефлектираат денот се поуспешни и имаат подобра меморија. Времето кое го поминувате сеќавајќи се и процесирајќи сето она што се случило во текот на денот ви помага да бидете подобар работник, а исто така ја подобрува меморијата.
Во текот на истражувањето, од учесниците било побарано да го прераскажат денот кога завршила нивната смена или да продолжат како што нормално би продолжиле. Оние на кои им биле потребни 15 минути за да запишат во дневниците, биле порано ослободени од работа.
После 10 дена, резултатите од истражувањето и истражувањето покажа дека оние кои си го рефлектираат работниот ден на крајот од нивната смена, имаат 29% подобри перформанси од оние кои не го прават тоа.
Тие неколку минути на крајот на денот може да ве направат подобар работник, вели Гино. „Кога луѓето имаат можност да размислат за тоа што се случило во текот на нивниот ден, тие искусуваат подобрување во само-ефикасноста“, вели таа. „Тие се чувствуваат посамоуверено дека можат да постигнат. Како резултат, тие даваат поголем напор во она што го прават и она што го учат“.
Кога поминуваме време разгледувајќи и пишувајќи за нашите денови, без разлика дали тоа се неколку или 15 минути, ние во суштина ги запишуваме податоците од нашата работа. Ние сме подложени на стрес, се справуваме со проекти и исполнуваме задачи, а кога нашиот ден е завршен, потребно е да го процесираме сето тоа. Откако ќе запишеме се` она што сме искусиле, ние имаме подобра можност да го испитаме нашиот пат и да го подобриме.
Важно е да се преземе дополнителен чекор и да се запишат нашите мисли, чувства и детали во врска со работата бидејќи ни помага да ги препознаеме и разбереме ефектите на нашите животни искуства.
без разлика дали избирате физички да запишете се` она што се случило или да направите кратка листа, Гино забележува дека чинот на размислување е тоа што е значајно.
Без разлика на тоа како избирате да процесирате она што се случува во текот на вашите најзафатени денови, добро е да одвоите време за да ги средите чувствата и мислите. Ќе бидете подобар работник благодарение на праксата, а дури и полесно и побрзо ќе работите во тешките ситуации.