Откако стигна веста за ратификација на договорот од Преспа во грчкиот парламент добив информација од четири компании дека одлучиле да инвестираат во Македонија.
Истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибината „Силна економија – шанса за сите“ што се одржува во Велес, во рамките на реализацијата на серија трибини со граѓаните и активности,преку кои со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.
На денешната дебата премиерот Заев и вицепремиерот за економски прашања Анѓушев, наидоа и на непријатни прашања од присутните.