Апелациониот суд пресуди две години затвор за случајот „Тенковски делови“ во кој што му се судеше и на екс-премиерот и поранешен министер за одбрана Владо Бучковски. Претходно Основниот суд 1 му досуди затвор од 3,5 години.
Во одлуката по жалбата на одбраната на Владо Бучковски која судот денеска ја објави на нивната веб страница се вели единствено се преиначува висината на казната по жалбата за пресудата од Основниот суд, додека жалбата на Основното јавно обвинителство се отфрла како неоснована.
Бучковски заедно со поранешниот началник на генерал-штабот на АРМ Методиј Стамболиски и уште тројца обвинети се товареше за злоупотреба на својата положба и функција набавил енормни количини резервни делови за тенковите Т-55 во текот на 2001 година и со тоа го оштетил Буџетот за околу 2,5 милиони евра.