Имав можност во Белград да остварам средба со Претседателот на Република Србија и Претседател на СНС Александар Вучиќ – напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој додаде:
Разговаравме за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање.
Воедно стана збор и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.
Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности.