Протоколот за членството на Република Северна Македонија во НАТО, грчкиот парламент го усвои со 153 гласа „за“, два повеќе од потребните за апсолутно мнозинство.
Вкупно гласаа 294 пратеници, а освен сите 145 членови на СИРИЗА, односно целата пратеничка група, „за“ гласаа и осумте пратеници кои го поддржаа и договорот од Преспа:
На гласањето му претходеа обраќања и лидерите на политичките партии.
Мицотакис, во неговиот говор, повторно се осврна на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за кои рече дека владата ги признала за соседите, истакна дека правно се обврзани „да ги нарекуваме соседите, Македонци“.
Ципрас рече дека со договорот од Преспа тие го направиле она што сметале дека е правилно и нивна национална должност.