На „Господ постои, името и е Петрунија“ на 69. Берлински филмски фестивал
Најновиот филм на Теона Стругар Митевска „Господ постои,името и е Петрунија“ кој е во главната конкуренција на престижниот Берлински филмски фестивал денес премиерно ќе биде прикажан во главната сала на Berlinale Palast чиј капацитет е 1800 седишта. Филмот ќе биде прикажан 8 пати во рамките на фестивалските денови.
Родовата еднаквост и овој пат е тема во фокусот на Берлинале, кој не само што селектира голем број филмови на режисерки во главната програма, годинава 7, туку уште еднаш потсетува на промислувањето на важни теми низ женската перспектива.
Светската премиера во Берлин сведочи и за огромниот интерес кај најголемите агенти, за широка европска и светска дистрибуција на филмот. Во трка за „Златна мечка“ годинава се 17 филма, меѓу нив и филмовите на Фатих Акин, Франсоа Озон, Агњешка Холанд, Ванг Куанан и Емин Алпер. Главното жири годинава го предводи француската актерка Жилиет Бинош.
Фокусот на годинашното 69 Берлинале и овој пат е во знакот на промислувањето на сите важни теми со кои се соочува светот денес: поимот на слободатата на колективен и индивидуален план, миграциската криза, родовата рамноправност, дијалогот на религијата и политиката и уште многу други.