Концерт 2019 – Лозановски Влатко – Ќе Го Одржи Својот ПРВ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ

Во сабота во спортската сала Борис Трајковски, во моментов најпознатиот македонски естраден уметник, Влатко Лозановски под покровителство на Аволон продукција ќе го оддржи својот прв голем солистички концерт.

Билетите како што информираат веќе речиси и се распродадени, што доволно кажува за фактот на експанзијата на младиот Влатче во последниот период на нашата музичка сцена.

Фановите понесени со познатите рефрени, Ова лето ќе се памти, Километри бројам далеку од тебе, Мајко и останатите оваа сабота несомнено во голем број ќе уживаат во звуците во Вип Арената.

 

Поврзана слика