Одлучен Редоследот на Претседателските Кандидати на Гласачкото Ливче .

Државната изборна комисија ги потврди кандидатурите на веќе познатите учесници на претседателските избори и  со ждрепка го распореди нивниот редослед на гласачкото ливче.

Прв на гласачкото ливче за кандидатите за претседател е независниот кандидат Блерим Река, чија кандидатура ја поддржаа Алијансата на Албанците и БЕСА, број 2 е Гордана Силјановска Давкова, чија кандидатура ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ, а под број 3 е Стево Пендаровски, чија кандидатура ја поддржаа СДСМ и коалицијата.

На денешната седница ДИК ги предупреди кандидатите да се придружуваат до законските одредби и да не започнуваат предвремена изборна кампања, одосно да се воздржат до 1 април.

Прогонозите се дека одлучувачката битка ќе се води во вториот круг, на 5 мај, кога и ќе се знае конечно кој ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија. Мандатот на сегашниот претседател Ѓорѓи Ивнаов истекува на 12 мај.