Елиф Елмас талентираниот македонски фудбалски талент, на сите начини ги освојува срцата на секој љубител на публиката во Република Македонија.
По вчерашниот натпревар против Летонија, Елмас денеска испрати порака преку својот Фејсбук профил, посветувајќи ја победата за капитенот Горан Пандев, но и со голема желба и љубов за својата земја нагласи дека е горд што е Македонец и дел од овој тим.
Елмас е роден во Скопје, од родители со турско потекло. Својата фудбалска кариера ја започнал во фудбалската школа Форца Вардар од каде потоа се преселил во Работнички каде станал професионален фудбалер.
Во јули 2017, селекторот на турската репрезентација Фатих Терим се обидел да го наговори Елмас да игра за Турција, но тој одлучил да ја претставува земјата во која што е роден.
Дебитирал за првиот тим на Работнички на 30 септември 2015 на возраст од 16 години и 3 дена, во победата со 4-0 на гостувањето против Гостивар во Купот на Македонија. Неколку дена подоцна, на 4 октомври 2015 дебитирал во Првата лига на Македонија во победата со 2-0 на домашен терен над Металург Скопје.
Својата прва сезона во дресот на Работнички ја завршил со 11 настапи и 1 гол. Елмас ја претставувал македонската репрезентација во категориите под 16, под, 17, под 18, под 19 и под 21 година. Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 11 јуни 2017 во поразот со 1-2 од Шпанија во Скопје во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018, влегувајќи во игра на местото на Остоја Степановиќ во 46-тата минута.
Неколку дена подоцна, тој бил повикан во составот на македонската репрезентација под 21 година за Европското првенство под 21 година во Полска и бил најмладиот играч во составот.