Младински образовен форум објавува повик за Академски стипендии за граѓанско општество – АСГО (Civil Society Scholar Awards – CSSA)

Младински образовен форум објавува повик за Академски стипендии за граѓанско општество – АСГО (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја поддржуваат меѓународната академска мобилност со цел на студентите на докторски студии и на факултетскиот кадар да им овозможат пристап до ресурси кои го поткрепуваат социјално ангажираното и критичко истражување во нивните родни земји или региони. Стипендиите се поддржани од Фондациите Отворено општество.

Кој може да се пријави?
Стипендиите се отворени за следнава академска популација:

  • Студенти на докторски студии од соодветни научни полиња кои студираат на универзитети во или надвор од својата родна земја; или
  • Членови на факултетски кадар кои се вработени на полно работно време (мора да поседуваат најмалку диплома од магистерски студии), кои предаваат на универзитети во својата родна земја и кои се граѓани на Р. Македонија.

Соодветни академски области
Прифатлива е која било област во рамките на општествените и хуманистичките науки, особено оние поврзани со: право, правда и владеење; одржлив развој и управување со природни ресурси; економски права и јакнење на сиромашните; јавно здравство, социјална работа и општествен развој; закони и политики на новите медиуми; инклузивно образование; пост–конфликтни студии; и човекови права. Академски области кои не се прифатливи: бизнис администрација, обуки за менаџирање, компјутерски науки, финансии/банкарство, маркетинг, инженерство, природни науки (физика, биологија,           хемија, итн.), математика, медицински науки или предавање/подучување англиски јазик како странски.

Поддржани активности по добиен грант 
Стипендиите поддржуваат краткотрајни, меѓународни академски проекти, како што се: теренска работа (прибирање податоци); истражувачки посети на библиотеки, архиви или универзитети; развој на предмети и наставни планови; и меѓународни соработки во истражувања кои ќе доведат до рецензирана публикација. Во една година може да прифатиме само една пријава со еден истражувачки проект по лице. Ве информираме дека повеќе нема да бидат земени предвид барања за покривање на школарина.

  • Времетраење на проектот: помеѓу 2 и 12 месеци.
  • Локација на проектот: сите истражувачки активности мора да се одвиваат надвор од земјата во која моментално живее лицето кое се пријавува.
  • Датуми за реализација: 1-ви септември 2019 година до 31-ви август 2020 година. Доколку предложениот истражувачки проекти не започне и не заврши во овој временски период, истиот не е подобен. Проектите во САД може да бидат финансирани само доколку започнат по 1-ви февруари 2020 година. (Видете во целосниот повик за деталите околу финансирање на грантовите во САД.)
  • Максимален износ на стипендијата: 15 000 американски долари.

Како да се пријавите?
Краен рок за пријавување: 29-ти март 2019 година. Заинтересираните кандидати мора да пополнат и поднесат АСГО пријава. Силно се охрабруваа пријавување преку интернет.

Пријавување преку интернет
Сите кандидати се охрабруваат да се пријават преку интернет. За да се пријавите преку интернет, ве молиме кликнете го овој линк, а потоа следете ги упатствата.

Пријавување во печатена верзија 
На овој линк може да најдете печатена верзија од пријавата (истата може да се печати) или пак стапите во контакт со Младински образовен форум – локалната административна канцеларија на стипендиите.

За повеќе критериуми за подобност, ве молиме погледнете го документот Најчесто поставувани прашања кој може да го преземете тука.

Целосниот повик на македонски можете да го преземете тука. Целосниот повик на англиски можете да го преземете тука.