ОД НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ПРЕМИНУВАМЕ НА ЛЕТНО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО .

images (1)

Доаѓа летното сметање на времето, денот се зголемува, а часовникот оди напред еден час.

Во последниот викенд месецов, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.


Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.