КАЈ ПРАТЕНИЦИТЕ ПОМИНА НОВОТО МИНИСТЕРСТВО

Со 80 гласа „за“ пратениците ги изгласаа измените на законот за Влада и законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои се формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Со законските измени се предвидува укинување на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.