ГРЧКИОТ ВЕСНИК ЕФИМЕРИДА ТОН СИНДАКТОН : ОПОЗОЦИЈАТА ЌЕ ГО БОЈКОТИРА 2 КРУГ.

Етничките Албанци ќе бидат незаинтересирани, а опозицијата ќе го бојкотира вториот круг, ги анализира претседателските избори во Македонија грчкиот весник Ефимерида Тон Синдактон по првата измината недела од официјалната кампања.

Останаа две недели за првиот круг од претседателските избори во северна Македонија, при што тројцата кандидати за шеф на државата ја остварија својата прва ТВ-дебата, додека во главниот град предизборната клима е многу резервирана.

Граѓаните изгледаат уморни од последователните изборни игри и уставните промени и покажуваат дека се повеќе се занимаваат со секојдневните проблеми наместо со политичкиот живот.

Според анкетите, кои не се многу сигурни, Стево Педеровски има мало водство при што владините претставници веќе го прогласуваат за наследник на „националистичкиот претседател кој го негира Преспанскиот договор, Ѓорге Иванов, чиј петгодишен мандат завршува на 12 мај“.

Претстојните претседателски избори имаат големо политичко значење и тоа не е само реванш за Пендаровски. Всушност, тие ќе бидат неофицијален нов референдум за Преспанскиот договор и апсолутно е неопходно за Зоран Заев да победи кандидатот на владејачката коалиција и да формира кај социјалдемократите политичка хегемонија.

Но, вториот круг може да крие замки што може да ја комплицираат политичката сцена. За да победи, на Пендаровски му се потребни гласовите на Албанците, кои немаат силен поттик да учествуваат во процесот. Исто така, ако ВМРО-ДПМНЕ процени дека неговиот кандидат ќе загуби во вториот круг, веќе постојат гласини дека ќе ги повикаат на бојкот гласачите, како што направија со референдумот.

Во овој случај, Пендаровски ќе се соочи со воздржаност, бидејќи за да биде уставно важечки неговиот избор за претседател треба 40% учество од вкупното гласачко тело. Ако бројката е пониска, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе претседава со шестмесечен мандат, а претседателските избори ќе продолжат.