Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани, трибини и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.
На седмиот ден од кампањата, Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, ќе има средба со граѓаните на општина Куманово.
Во текот на вчерашниот ден, Река ја побара поддршката од граѓаните на Струга, потенцирајќи дека републиката се гради врз основ на право и правда а не врз основ на доминација и владеење на поединецот.
– Една Република за сите во која ќе владее законот, а не поединецот, со СЈО според првичниот концепт, Република без политизирано судство, со неполитизирана јавна администрација, која ќе се бори против корупцијата и тендер патриотизмот, истакна Река.