Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, погледнете кои земји гласаа за Песната на Тамара

Песната „Proud“ („Горда“) во изведба на Тамара освои 237 поени од стручното жири, но само 58 од телевоутингот, што беше премалку за да имаме можност да се израдуваме со првото место, во трка која беше неизвесна до самиот крај.

Во финалето на 64  Евровизија се натпреваруваа 26 земји. За победникот одлучуваа гласовите на стручното жири и од телевоутингот од сите 41 земја учесничка. Од жирито најмногу гласови доби Шведска 239, втора беше Македонија со два гласа помалку 237,  а трета беше Холандија со 231 .

 

Овие се Земјите кои гласаа за песната на Тамара
5 Португалија
8 Азербејџан
3 Малта
1 Сан Марино
3 Холандија
7 Црна Гора
8 Полска
10 Норвешка
12 Австрија
12 Обединето Кралство
10 Италија
12 Албанија
10 Унгарија
12 Молдавија
5 Ирска
10 Ерменија
7 Романија
7 Австралија
4 Русија
7 Германија
10 Хрватска
12 Србија
8 Исланд
1 Грција
8 Летонија
7 Чешка
10 Данска
7 Франција
7 Финска
12 Швајцарија
2 Словенија