Почна повратот на ДДВ за граѓаните. Денеска се исплатени 21 милион денари, а во наредните денови ќе продолжи исплатата и на остананите граѓани кои скенираат фискални сметки . Управата за јавни приходи информира дека од 170.000 граѓани, кај 16,600 е извршена исплата. Останатите ќе добијат пари до крајот на наредната недела. Вкупно, за јули, август и септември ќе бидат исплатени 3 милиони евра или максимум едно лице може да добие 1,800 денари за 3 месеци.
Во првоте 3 месеци од кога почна примената на проектот, скенирани се речиси 22,7 милиони сметки. Граѓаните потрошиле 186 милиони евра, од кои данокот на додадена вредност изнесува .над 20 милиони евра. Од него 15% или 3 милиони евра им се враќаат на граѓаните. Исплатата за октомври, ноември и декември ќе биде извршена до крајот на февруари. Проектот Мој ДДВ има за цел да ја намали сивата економија, граѓаните да бараат фискални сметки, а затајувачите да бидат казнети.. Од средината на овој месец ќе почне и наградната игра, каде ќе се доделуваа дневни и месечни награди.