Со одржувањето на првата средба на Организациониот одбор, што го формира градоначалникот Константин Георгиески, денеска започнаа подготовките за чествувањето на „ Богојавление- Водици“ и Денот на рибарите.
На работниот состанок на одборот беа договорени обврските на сите субјекти вклучени во организацијата на овие традиционални манифестации и постојана меѓусебна комуникација за реализацијата на договореното.